трепетлив прид.

трепетлив (прид.)

Го чув неговиот трепетлив глас, стравот во тој глас, поразот во тој страв.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Седнавме под кралскиот бронзен јавач, запаливме една цигара и пушејќи сите од неа го гледавме слабо осветлениот плоштад по кој врвеа минувачи и трепетливи сенки и ту луѓето во сенките се заплеткуваа, ту тие во луѓето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со трепетлива рака наточи ракија во зелена чаша, отпи малку и дувна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пред сѐ да се сокрие во магла, тој уште можеше да ги види двете очи на старецот; тие станаа големи, полека слевајќи се во трпетлива светлост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И, за да се одрече од она што го немаше, со пакосна радост пронајде дека е дамкава, плашлива, молчалива, покорна пред слободата трепетливост на машките.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се случуваше ли сликата да оживува од моите трепетливи усни и да ми врати здив за здив? Можеби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нешто во свеста се кине, прска во шушкави искри.тие трепетливи светулки се извишуваат нечујно, бавно, сигурно, и кога ќе се изморат на својот пат, паѓаат, умираат, покриваат се со пепел.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Беа живи, врели, трепетливи срни, беа Марии. Беа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги погледна без трепкање и ги виде чудни, двоглави и трепетливи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Низ отворениот прозор Славчо гледаше во вечерното небо, во трепетливите ѕвезди што една по една се палеа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Усните со мака и треперливо ѝ мрдаат: - Среќно, среќно, дечиња мои ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ене ги и денес среќни, трепетливи, занесени во своето шумоливо шепотење.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
16 ОД КОЊУШНИЦАТА, во која се сместени падавичарите, тивко, молбено, жалосно, набожно и трепетливо се шири пеење: Црнеј горо, црнеј сестро Заедно да црниме…
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На недалечните ниви ноќта ги изела трепетливите копја на спечените пченки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се фати до него не пуштајќи ја Јага, која го влечеше попот а тој пак најде девојки, сестрите на Геле, има мавна со рака, ги повика - и наеднаш се развиори врескав и трепетлив и шарен ред луѓе и жени, веќе не се можеше поинаку: дури и најстарите почувствуваа дека им потскокува срцето во обрачите на ребрата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Трепетлива врелина под клепките, леплива крв под дланката и оддалеченост од сѐ што станува во тој ден. Се сети на некого од едно румено и зажарено лето, во една блага западна смиреност и скоро 'рѓосан сјај на 'ржта, бојата на класјата го пренесе на нејзините коси.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во кркорењето се засркнал со кучешка кашлица и станал беспомошно загледан во трепетливото небо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Или можеби и не ја прашал наеднаш со чувство дека е болен во шепи на грев, трепетлив и врел, со залепена коса врз испотеното чело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Човекот со црна креста на темето избегал крстејќи се во скокови зашто мислел дека и него го демнат како тој самиот што демнел и што го начекал дојденецот со превивка преку едното око доколку не верувал во подгробни сили како, малку подоцна, што можел да се вангелоса и Лозан Перуника: во дворот на манастирот видел трепетливи пламенчиња што се движеле кружно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја дигна главата, и од полутемнината, под црвеникавата, трепетлива заобленост на Месечината, рамнодушно ме гледаше, продолжувајќи да мрмори.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе