тревиште ср.

тревиште (ср.)

Мора секое грутче да се скрши, секое тревиште да го превртиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И од други тревишта варам и ги напивам децата. И ги мијам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Или во друштво на Јована Акиноски акаше низ ливаѓето, низ мртвиците, низ бавчите и му помагаше во собирањето бубачки, жаби и тревишта. Или пладнувше покрај изворите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе подгрлуваме и ќе требиме од глотеж и тревишта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги нападиле оние на кои коренот им е овде, нѐ довлекоа нас да ја ораме и да ѝ ги користиме плодовите на земјата, ама ние заборавивме да се грижиме за нивните мртви и убавите мермерни гробови сега се обраснати со тревишта грмушки и капини.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во селото Сушица, слегоа со некои луѓе кон манастирот свети Димитрија, крај кого шумолеше брза река, носејќи тревишта и искршени гранки од снеговите што ги беа повалиле таа зима дрвјата и грмушките од шип и бозел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Многу народ се насобра на таа гола, мочурлива ливада што беше распослана покрај морето и обрасната со трње и со високи и остри бодликави тревишта и засмрдена од нешто гнило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На овој простор пред шеесет години имаше големо мочуриште обраснато со разновидни тревишта и трска, послано со гнилеж од алги кои на далеку ширеа реа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Подножјето на ридот е поделено на парцели и на многу од нив веќе е ставен камен – темелникот на идните хотели и пред нив разделена е и плажата сега обрасната со тревишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)