трајно прил.
трајност ж.

трајно (прил.)

Но бугарското русофилство беше со сметка и не беше трајно, значи, и руската политика немаше да се измени конечно штом не се знаеше до колку е искрена и трајна бугарската надворешна политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зашто ништо не е трајно во него а сѐ е вечно.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И доколку времето не е само категорија на траење и менливост туку и оска на правдата – вистина е дека современата македонска поезија, најсуптилно меѓу сите творечки дисциплини, откри една значајна и филозофска и психолошка посебност на македонскиот народ: неговото чувство за временска дистанца; чувстото да ја различи минливоста од трајното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ја раскажуваат за да остане во трајно сеќавање, големата приказна за илјадните борци, за нивната црвена крв пролеана за слободата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Состојбата на преживување е состојба на емоционален, социјален и морален автоматизам, победата носи трајно оштетување, некој вид бесчувственост.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
После едно труење што му го загрозило животот почнува да слика религиозни слики. 1911 го запознава Џемс Енсор чиишто слики на маски вршат врз него, љубител на демони и тролови, трајно влијание.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Жали што ќе се загуби и духовно ќе осиромаши „во прериите на бизнисот”, губејќи ги своите шанси заслужено да заземе трајно место во тековите на европската духовна авангарда каде што имаше што да каже, можеби како Балканците Емил Сјоран, Јонеско и други.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бев дури и на лекар: ми рекоа дека боледувам од Мениеров синдром, некакво трајно оштетување на внатрешното уво и центарот за рамнотежа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го изгубив видот на утробата, не бев веќе нему подобен, и трајно се здружив со двајцата понижени и бедни духом, во борба со Него, што заврши така како што заврши: јас денес мрава сум, на црн мрамор, во најцрна ноќ, а Бог не само што ме гледа, туку и го слуша топотењето на нозете мои.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да го добиеше во времето кога ги откри сиџилите, можеби ќе успееше да си го обезбеди своето трајно присуство крај овие скапоцени историски документи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Секој сон е затворена порака што малкумина успеваат да ја отворат и протолкуваат, но понекогаш пораката бидува трајно запечатена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Облечена беше во сукња од румено-кафеав материјал, нозете голи до височко над колената и со разградена свилена блуза во морски сина боја под која воздивнувачки немирно лежеа нејзините невидливи дојки налик на трајно вознемирени мачиња.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вдахновен (чувство кое одамна и со таква силина го немаше обземено), зеде да направи скулптура по која ќе го паметат сите и со која, поверува, трајно и достојно ќе влезе во историјата на уметноста.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Егзилот, мила, е принесување жртва на границите. – Бегајќи во туѓина ние, значи, станавме трајно жртвувани! – Првин, станавме емигранти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мигот како мала, скротена, интимна вечност на двајца трајно вљубени еден во друг, но без да си го кажат тоа, никогаш, еден на друг.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во оваа книга се содржани сите метафори на балканската сага. Таа останува трајно отворена книга.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Освен овие два збора, овие епитети, нејзиното име значеше и трпение, истрајност – упорност, долго – трајно постоење на неа самата, како тело а уште повеќе како личност. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не од понизност, од самољубие приложувам една реминисцентна сцена во која ќе се препознавам трајно можеби не само јас: од мојата уста-песна на мајчин јазик излетува опсесивен копнеж - некој речиси жив човек а јас останувам устремена на истото место но божем се враќам Но боже, ѝ се враќам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И оттогаш останав во трајно и ненаметливо пријателство со Махмуд Дарвиш, посебно со неговата судбина, која на одреден начин ме следеше и во моите дипломатски мисии, посебно како амбасадор во државата Палестина, која постоеше посилно во надежите на нејзините поданици отколку во реалноста...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе