транзициски прид.

транзициски (прид.)

Типична прикаска за транзиционите периоди... • Не можам да не ја искористам приликата со еден толку изверзиран соговорник на таа тема, и да не ве прашам: што мислите за тнр. „дрогерашки проблем“ во нашата млада и распупена држава?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Романот започнува со конвенција, со сликата на писателската агонија пред празниот лист хартија, а замаец на новиот ракопис станува моментот кога селото останува без вода заради еден од типичните транзициски ликови, криминалец со политички врски.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во барот, како што влезе, така здогледа една група од седум-осум „бизнисмени“ од таканареченото мало стопанство. Всушност транзициони шмекери.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но по распадот на Југославија и поразот на нејзиниот самоуправен социјализам и воведувањето на новата пазарна економија, кутрата јужна Рерублика Македонија, макар независна држава, доживува тешки транзициски години, со изгубената тешка индустрија, несреќно и мафијашки приватизирана, со пропаднато земјоделство и сточарство, со армија невработени.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И како по вакви бисери да поверуваш во секојдневието што ти се нуди, кога знаеш дека за твојата безбедност се грижи неспособниот инспектор Брок, дека твојот град го водат тројцата корумпирани свињолики одборници, дека твојата светла иднина ја одредува Министерството за истражување руди и губење време, а дека вистинското мерило на твојот транзиционен свет е пијаницата Суперхик, кој краде од сиромашните за да им даде на богатите?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
 8 Во овој транзициски период, преку измените на ЗРО – кој, како основен закон (lex fundamentalis), ја игра улогата на своевиден „работнички устав“, работничките права особено се влошија во следниве сегменти: драстично се намалија правата на работниците кои се прогласени за „технолошки вишок“; воведен е отказ без отказен рок; значително е отежнато остварувањето на правото на штрајк; намален е законски гарантираниот годишен одмор; овозможено е, преку дефинирањето на работното време, работникот да биде натеран да извршува какви било работни задачи, а не само оние кои се соодветни на неговото работно место и квалификации; а временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една, дури на пет години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со воведувањето на оваа одредба, намерата беше да се спречи штетната транзициска практика, но реалните ефекти беа незначителни – бидејќи судиите се воздржуваа од изрекување на оваа казна којашто, според нивните мерила, беше сметана за „драконска“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Значи, сега работодавачот може непречено и легално да отпушта вработени како технолошки вишок, и веќе следниот ден на нивно место да вработи други лица, што – најблаго речено – е неправичен и нехуман гест исклучиво во корист на новите капиталисти и неспособните богати „менаџери“, кои од комунистички директори станаа транзициски олигарси!? в) според ЗРО (1993), утврдувањето на бројот и структурата на работниците што се прогласуваат за технолошки вишок требаше да се изврши запазувајќи одредени критериуми – како, на пример: ефикасното функционирање на работата на работодавецот, стручната подготовка и квалификација на работникот, неговото работно искуство, успешноста при работењето, видот и значењето на работното место, работниот стаж, возраста и други критериуми утврдени во колективен договор (чл. 129 од ЗРО).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во почетокот на турбулентното транзициско време, оваа фабрика се трансформираше во големо акционерско друштво и се преименува во АД „Порцеланка“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Бидејќи оваа јавна исправа веќе не постои во нашиот правен 190 систем – се чини умесно да потсетиме дека во поглед на работната книшка, со донесувањето на вториот ЗРО (1993) во „транзицијата“ се избришаа две мошне добри одредби од поранешниот прв транзициски ЗРО (1990): прво – веќе не се предвидуваше изречната забрана дека во работната книшка не е дозволено да се внесуваат негативни податоци за работникот (чл. 49, ЗРО/90); и, второ – беше избришана одредбата која предвидуваше дека, при предавањето на работната книшка на работодавецот, овој е должен на работникот да му издаде писмена потврда за приемот (чл. 50, ЗРО/90) – што подоцна, во праксата, се покажа како плодна почва за разни манипулации и уцени врз работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со тоа ќе се обележи триумф на сендвич државата и секој втор транзициски Македонец што работи како таксист, а со самиот влез на триумфалната капија налетуете и на циганите кои ќе ве пречекаат скокајќи у прљавата фонтана. Страшен призор на триумфот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со други зборови, токму во добата на овој вечен транзициски мит, бесрамно и немилосрдно се руинирани многу човечки судбини од некогашната „средна класа“, која живее од продажбата на својот труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Евтини воајерско амерички измишљотини зачинети со мизерен куплерај во кој беа обединети сите курви од екс ју просторите, а кутрите транзициони народи гладни за леб добиваа дневна доза ниски страсти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Избркани од работа, стечајци, бедна студентарија, но и добронафатираните транзициски лешпери се чести гости во оваа „света институција”.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
За да биде гонењето според сите правила, го потенцираат времето (на пример, транзициски период) и го посочуваат просторот (планински или пустински предели).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Наутро дневна доза со лоза клиники полни, болни од цироза младо и старо со крвави очи шпирит на пазар уште се точи Господе чувај и носи во рај спаси земја од хоштаплерај и сиот шлајм дегенериран народот твој од вести фрустриран Чувај од вртешки транзициони новинарски гниди и мегафони чувај од подли странски емисари оган да ги изгори блудниците стари Повторно избори и плукачка кампања здодевни флоскули, демагошки срања реформи нови демек ќе прават со локум и кафе гласови да ќарат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)