трампа (ж.)
Трговецот со басма, во трампата со која станал стопан на коњот сега со име Облак, сакал да им ја покажува на своите роднини неверојатноста: во поилото на својот заграден двор исипувал од стомна вино и го поел назобаниот белец.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кој вели Пазарно стопанство, ја прифаќа трампата, и правото да разменува производи или производни техники.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Некои племиња во Сибир трампаат неколку овци за една печурка amanita muscaria и ја користат како оргијско средство.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Напати, баш како и сега, на Улицата на стариот цвеќар во Истанбул, се прави трампа на стари фотографии и пожолтени сни и педантно се сортираат сите биле-поминале гушки.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Во врска со трговијата ќе се употребуваат турцизмите: локанта, капара, пакет, лонџа, симсар, трампа, додека од термините од поморството почесто се среќаваат следниве турцизми: капидан, левент, скеле, тимон.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)