точак (м.)
Повторно во врска со признавањето на својот патент- систем, најдобриот, најхерметичниот, за секаков вид пумпи за точаци...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Градската сказна“ е добар знак. градска сказна Еднаш Алиса со точакот отиде да го види својот пријател, градскиот шут, и да му ги покаже откорнатите кочници.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
А колку само скоро беше денот на мојот осумнаесетти роденден кога најпосле наместо глупата рибина опашка во замена добив две нозе и од градскиот шут еден точак на подарок. И револвер.“ Margina #26-28 [1995] | okno.mk 151
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Добиваше желба понекогаш, се обидуваше да ги згазне со својот точак за сотирање гулаби, но невозможно.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
На Ане пижамите ѝ беа бели, а на нив имаше нацртано човечиња што возат точаци и ролшуи.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А кога ќе ги растегнеш, нагоре или од страните, човечињата стануваа уште посмешни: со огромни носеви, долги точаци, растечени очи и подуени усти.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Со Симона се знаеме од мали, од прво учевме заедно и имаме одено со точаци дури до Слопче.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сакаш да возиме точак и тротинет? - праша Дора.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
На кејот повторно има рибари, дури и по некој точак.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Пробај со точак, или не дај боже со бебешка количка, да извозиш од Соборна до Трговски.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Литро бензин достигна колку 2 литра пиво. Таксито стана луксуз за елита, но затоа точаците останаа со иста цена. Единствениот најисплатлив превоз во крволочното материјално животарење. ***
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
А изборот на велосипеди се сведувал на женски и машки „точак”, фирма „РОГ“, и толку. Немаше ни боја, ни металик.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)