токо (прил.)
Ќе земиш? Токо на, подржи го чупето да ти го изнеса „чудото" шо го собра воа зимо.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Зошчо таа сиромашка токо гледа горе по патот витолишки! Очите и истекоа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Ќе растиме, невесто Досто, ќе работиме ние со Нешка и ќе се гледаме. Токо, де речите „аирлиа да е саатот", и чините ми а алав.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Да кажуам, токо којзнае дали ќе излезе мојот план.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пусти нека останат парите, налет нека се сторат, токо човекот да го куртулиме — се лигави Митра и си го претставува часот кога ќе го дочека светијованот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќама поразмисли се малку. Така токо да тргниме! Кај ќе одиме?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Иако тоа беше доказ дека продавачот просто не знае што продава, сепак тоа му изгледаше току необично што гласно рече: „Гледај!...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)