тмурен прид.

тмурен (прид.)

Но, ете ја,стои - карпа пред јароста бурна; нејзиниот ум го зацврстиле молитви, кои идат од душата тмурна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И тмурна е оваа вечер во тишината на заливот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Обично во запурничавите денови водата стоеше умртвена како израмнета пустина, замаглена и слеана со тмурната далечина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тмурен и раздразнет, Џемал-ага излезе. По некое време се врати заедно со висок подгрбавен човек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нејзиниот човек. Го помисли тоа лесно, без срам, прививајќи се до внучката, која, топло стуткана под ќебето, мирно ја преспиваше оваа тмурна, леплива септемвриска приквечерина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Благодарам!“ воскликна таа. „Пахх!“ викна и одлета под јаболкницата обземен од тмурните мисли.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таа тмурна балканска ноќ, милиони јагули од сите езера, непознати мирни води, го започнуваа големиот и неизвесен пат, во ритмот на минливоста, упатени кон големиот океан на нивната смрт и воскреснување.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во градината нов снег наврна по февруари тмурен.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Убиство, тмурно самоубиство. Огромна деструктивна моќ.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Играта во која влегувавме, голи и топли, беше единствениот начин да го скријам чувството на сожалување кон Ема која таа тмурна ноќ во која паѓаше студен дожд (впиени еден во друг слушавме како се исцедува и во рамномерен интервал тропа вода во олукот, а потоа се распрснуваа на плочникот, како кога марта упорно настојува да ја продолжи до некаков бескрај досадната морничава зима), беше нестварна и лесно предадена на мракот, во обид (не рационален, во тоа бев убеден) да и се открадне на стварноста и да заживее нов живот, во некој негов сѐ уште неоткриен дел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа што Александар, неколку пати ја имаше видено Билјана со црни наочари во тмурни есенски денови, зборуваше во прилог на тоа дека не се работи само за злобни фантазии на врснички на Билјана кои не успеале толку добро да се вдомат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сардисан од овие неведри мисли одненадеж реши да ја посети својата Срцка, единствената светла точка во ова тмурно време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Речиси со трчање стигна дома само миг пред тмурниот Никодин да се врати од работа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)