тетовирање (ср.)
- Тоа се вика тетовирање, - ми објасни дедо ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
За разлика од движењето на „модерните примитивци“ во коешто главно машките членови преку радикални и нелогични гестови со кои го модифицираат сопственото тело (тетовирање, прободување, саморанување) укажуваат на телото како на последно прибежиште во коешто единката сѐ уште има моќ, тн. „женски“ перформанс, во анализите на феминистичката критика, ја користи присутноста на женското тело со кое манипулира жената- автор (досегашниот објект станува субјект) за да ги преиспита односите на моќ во репрезентацијата на женската сексуалност, разоткривајќи ги симболичките основи врз коишто почива начинот на гледање во „машкиот“ свет.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
ÂÂ Мислам дека е обратно. Тетовирањето ги дефинира границите на вашето тело и го врзува.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)