тетеравење (ср.)
Ќе се вгледаше во полицаецот кој влегуваше во каушот, неспокојно ќе бараше нешто во дното на ходникот, ќе ги начулеше ушите да го фати крцкањето на стражарските скорни или тетеравењето на нозе, одвикнати да одат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Паткам така со тетеравење, и некаде кај Стругарица гледам коњ. Човек никаде не гледам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ама пак ќе стане и со тетеравење одново потрчува. Го гледаме и примижуваме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Вешто и брзо го сторил тоа како човек помеѓу чии два чекора секогаш лежеле близнаците животот и смртта тетеравејќи се над темноврела лочка со крената глава, чиниш се потпира на шурката крв, животното се завртило во круг, еднаш двапати и трипати, и таквото движење можело да биде само мртовечки коњски танц, игра и занес на пијанство е умирање.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Излегов на чардакот и во теравење го видов Арсо Арнаутче под кривото дрво.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)