терминал (м.)
Ден подоцна, Фокс и јас се сретнавме на аеродромот Нарита, во суши барот на ЈАЛ - овиот терминал.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Можеби некогаш одамна и било така, признава тој, додавајќи амандман на нејзиното амин, но тоа е друга приказна: онаа во која терминалниот пар долготрајни љубовници доаѓаат во хотелот кого што мрачно го нарекуваат Последно одмориште.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Нивната загриженост е насочена кон армијата безработници кои ќе бидат оттргнати од состојбата на дезориентираност и непродуктивност благодарение на домашните терминали.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Марија, сфаќајќи дека токму тука ќе биде оневозможена докрај да ја доведе својата замисла, го оттурна изненадениот службеник и истрча на терминалот, не испуштајќи го детето од раце.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Влатко информираше: „Постарите жители на населбата, на пример баба Анѓа, велат дека имаат поднесено барање за дислокација на овој автобуски терминал што се наоѓа пред влезот на нашето училиште. И сѐ уште ништо!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Уште Томе не дорече, скокна една ученичка: „Јас сум од ОУ „Димитар Миладинов“ - еве тука - во непосредна близина, не сме на никаков терминал - ама издувни гасови колку да сакаш!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)