тепачка ж.

тепачка (ж.)

Тоа дури имаше и своја добра страна, зашто меѓу врсниците во игра може да се изроди и тепачка, додека меѓу Кирил и Бојан тоа беше невозможно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Често по тоа надметнување и надлажување ќе се изнервиравме па доаѓаше и до тепачки.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
По тепачката, Нумо, полека почнуваа со откорнување на ноктите. Сеедно дали од нозете или од рацете. Болката е иста.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Можат да речат дека први ние сме ја почнале тепачката.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Притоа, длабоко во себе, таат надеж дека ако Хаџи Ташку и дружината не нападнаа вчераноќ, веднаш по тепачката на Алилово и кога Потковицата беше сета завеана со снег, а луѓето поматени од убиството на стрика Анѓела, сигурно дека ќе се плашат да го сторат тоа ноќеска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тогаш стана една голема тепачка меѓу жените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас одвај чекав да стигнам дома и да му се пофалам на татко ми за тепачката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не верувам дека има човек кој, кога бил на твоја возраст, барем еднаш во животот не учествувал во некаква тепачка, - ми рече тато.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ќе мораме да ги известиме сите од бандата, вечерва имаме закажана тепачка на Чешмиче.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Стоел исправен и привидно спокоен сокривајќи ја својата потиштеност најмногу заради споменатата тепачка на дојденците со Турците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тогаш го чул извикот на имењакот со златна обетка на увото да се влезе во крвавата тепачка со исти такви јатагани или со сорови и секири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Филмот беше бомба: ДОБАР, ГРД, ЛОШ... Тепачки - колку сакаш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама тоа да ни е за ум: тепачката е лоша работа. Да осакатиш другар, човек.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тепачките во салуните, или она што во вестерните го работат кога ќе го нокаутираат главниот јунак или кога еден тип ќе собори друг на масата која под нив се крши - тие во салуните секогаш кршат барем една маса - секогаш се снимаат оддалеку.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Велат, имало тепачка во паркот Тилри!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тепачка во ушите. Сите оние за коишто музика не се само звуци и нивната уреденост или неуреденост, а тие се ретки, беа во недоумица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За миг изгледаше дека ќе падне тепачка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Немаше тепачка – реков мирно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Телефоните ѕвонат, таму сообраќајка, онаму тепачка, а јас рецитирам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Патем погодуваше дека повикот е бездруго во врска со синот, па ги вртеше во главата сите можности што можеле да се случат - од притвор заради тепачка до земање дрога на јавно место.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе