тенџере ср.

тенџере (ср.)

Виде — не видов, чу — не чув". Со еден збор Доста беше слуганка, да го чува детето, да го капи и да го пере, да измие пијатата, тенџерињата, душемето на одајата да го истрие, прашина да избрише и нешто да помогне на готвачката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја разгледа масата, ги подигна капаците на тенџерињата што беа наредени по неа, по шпоретот и ги изотвори сите чекмеџиња од креденецот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ако. Шпорет може. - А тенџере. - И тенџере може.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Јасно! Тој само го поткреваше капакот на тенџерето во кое се вареше јадењето.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И таа почнува да меша во тенџерето со едно стапче.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Еј, млекаџи, млекаџи -викна од зад портата една була. Трајче се доближи до портата, булата, скриена зад портата го покажа тенџерето, со парите внатре, и рече: - Вер бир кило!*
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Млекарчето го зеде тенџерето, ги кладе парите во џебот и ѝ измери едно кило.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Булата го зеде тенџерето и ја затвори портата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
ЧУДНОТО ТЕНЏЕРЕ
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Тенџерето те исплашило, сине, - рече таа. - Тенџерето! - се зачуди Сашо. - Зар тенџерето знае да плаши? - Знае.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Те исплашиле пареата, тенџерето и капакот. А им помогнала нацртаната мечка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Готвачот, малку потаму од заробениците, распали оган во огништето, го крена тенџерето, го однесе некаде зад шаторот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пред нив тенџериња, чинии, шишиња со ракија, а сред кругот казан со варено овнешко месо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мораше скоро да му го земе тенџерето, кое сега во неговите раце изгледаше несмасно големо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
По средината на полјанката, најубавото и најчистото место, беа распослани бели, ленени чаршафи, а врз нив веќе беа наредени тепсии со баници и зелници, тенџериња со чорба и грав, пиперки, чинии со сирење, со зелје.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Шишман си го триеше вратот. Потоа му беше здодевно и се загледа во тенџерето пред себе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таа му го фрлаше тенџерето и бараше кибрит да ја запали куќата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А сѐ почна од утрото. Додека на внатрешната страна од бонбониерата „Те љубам“ запишував нешто за меланхолијата, ми претече млекото, а кога го тргнував тенџерето, палецот ми се залепи за проклетата рингла.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Пика глава во тенџере и лиже.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Повеќе