темнозелен (прид.)
Извади од под сламарицата темнозелено шише и ми го подаде со трепетлива рака.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Беа пијани, разграштени - едниот во темна фанела, без своето темнозелено палто. Сега беа пријатели.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се изненади - бакарот беше покриен со темнозелена ’рѓа: пред него стоеше насилникот Мирон.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Дримот течеше бавно и тивко. Водата беше темнозелена.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Брзо го забележа џипот, иако неговата темнозелена боја одвај можеше да се одвои од бојата на жолто-зелените, веќе подзасушени ливади.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој декор и нивните бели облеки не можат да сокријат дека е тоа некаков стар манастир чии фрески се покриени со тешки темнозелени драперии.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)