телешки (прид.)
На плеќите носеше нарамена раница од телешка кожа, во рацете дебел боров бастун — тукашно производство, дури и недокастрен, со неколку чатали.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Грав со пастрма, - сеедно дали телешка, дали овчка, или козја, исто се готви одвечер, во земјен грнец и на оган од суви гоедски лепешки.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Добро, ми велат, тебе ќе ти даваме телешко.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кај сме нашле овде телешко, ми велат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И еден ден ќе ми речат: — Нема веќе телешко, Тимјановна, сега ќе јадеш коњско.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Малку топло место ладно предјадење, - се извинуваше Диовецот со престилката, - пред да дојде главното, телешки шницли. Сакате пржени или на скара?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се враќаше со големата торба од телешка кожа полна со домашни задачи и ги прегледуваше навечер, на електричната светилка во кујната, седнат до топлиот шпорет.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Второто јадење веќе мирисаше оддалеку - чингано тавче пржен ситнеж; џигерче, бубреже, слезинче, срценце, јаначе, јазиче, окце, мевце околу ребрата - се телешко, од штотуку заклано теле зад куќата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Јагодите, телешкото, малините, компирите, боровинките и... на прво место е грозјето.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
По еден час беше сервирана вечера што се состоеше од мешана салата, студено телешко, паштета, слаткарски пирошки и шампањско.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ме тераа да јадам телешко месо.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)