телесност ж.

телесност (ж.)

Навлегувањето во телесноста е морална потрага по исконското, невалканото.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој ја има можноста да прегледува мртви тела донесени од военото поле, што е работа која најтесно се однесува на телесноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бидејќи вечно барал едно топло тело кое би му “пасувало”, уште од самиот почеток на својата кариера тој бил опседнат со телесноста, испробувајќи различни тела, животински и човечки, женски и машки, или идентификувајќи се со нив на еден протејски начин во своите дела.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога телото се движи или мирува, околу него како невидлива светлина го грее обвивката на неговата духовност – продолжи да зборува старецот. – Таму се наоѓаат сите негови доблести и негативности кои ја наградуваат неговата телесност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа беше нашето време, времето на молк за телесноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)