телепатија (ж.)
Крилестата телепатија што го предупредувала кога кулите, дрвјата и бреговите му се испречувале на патот, суптилното сетило и чувството што го водело низ лавиринтите од шуми, падини и облаци, сето тоа било засекогаш согорено со оној удар по неговото лице, она синкасто електрично пржење и саскање.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А светот пак нема повеќе желба да легне во креветот на филозофијата, но детето сепак се роди со помош на телепатија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Толку многу ме имаше фатено страв што не можев да се концентрирам на таа мисла и јасно ми беше дека Игбал нема да успее да ме чуе преку таа негова телепатија.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- А, ние, нам ни е важно да научиме како се концентрира. И учиме. Потоа телепатијата е лесна работа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
За телепатијата би прокоментирала дека е една од поестетските функции на мозокот до кои само мал број луѓе продреле.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Размислувам и во правецот на телепатијата и космичката енергија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Телепатијата ќе доминира дури и на сексуалното поле.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)