тежи (несв.)

Но бликна одеднаш болката пуста. Ѝ тежеше в гради.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Толку ми тежат на душа, не можат да летнат до тебе!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тебе повеќе ти тежи торбата. Те запусти Јордан...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Море, побратиме!... И првата тежи и последната тежи!... Разделба е разделба!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Немам сила... Срце пука... Еј, ми тежи тешка ноќ.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Не може јунак да трае, ропство му тежи над глава, ни може мајка да гледа се в тија солзи крвави.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Брадјосаниот човек ја префати пушката, со другата рака го поткрена појасот на кој му тежеа пиштолите и откако се подисправи, рече: - Чии сте вие?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Имам впечаток дека е таа наполнета со олово - се ниша, тежи и се заканува да падне в прав.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И така уште буден лежам принуден в молкот да се слеам (Ноќва од чудни плодој тежи што не ме пуштаат да пеам) Селата сами в ридје спијат сред сева блага страшна тихост (Крени во себе палав вихор по ѕвоната да бијат бијат)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Кога ќе сакаш да речеш ми тежиш ќе ти ги вратам триредно назабени.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Врз твојата пепел и мојава нека тежи прими ме! Над сите зла Најцрно ми е Без тебе!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Најмногу им тежеше неизвесноста до кога ќе ги држат во затворот. Co нетрпение чекаа да ги изведат пред султанот, со надеж дека ќе ја разбистрат работата и ќе бидат ослободени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Срамот што ова утро го доживеа до толку повеќе му тежеше, бидејќи со неискажлива самоувереност и радост тргна да ја види Викторија на Попставревци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нешто го збодна: зар уште си овде?... Сакаше да стане. Но мислата тежеше: го задржа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Далечини, заборав тежат, ја притискаат мислата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Страшно ми тежи, ми тежи нешто на очите, мозокот, телото.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Никој не му тежеше со своето присуство и тој изнаоѓаше нови радости за својот поглед и за своето тело; беше доживување за него тоа што можеше да ја сака слободно таа бела тишина пред себе и постојано да изнаоѓа во себе едно чудно разбирање со тој простор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Здивот ни се собрал и сѐ повеќе се згрутчува и тежи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тежев тогаш дванаесет килограми, ако не и неколку грамови повеќе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Археологот и инженерот со тешка мака ја искачија Гола Глава, ги измори брзото одење, а им тежеа и годините.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе