тврдост ж.

тврдост (ж.)

Сите убедувања на стариот се разбиваат во нивната тврдост, како вода плисната на восочна површина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја следам таа сува гранка како се измачува од мозолчето на кората од тврдоста нејна да го истисне цутот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
...задоволството но инакво со слатка срдба што тоа пречекорување не го правам туку продолжувам по тврдоста на дурот до отровниот засек...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Не можев, а да не забележам чудна тврдост во нејзиното инаку ѕвонливо, распеано кажување.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Со надеж на исцелител го подал рацете и исправен, и во тврдоста нечујно подвижен, зачекорил несовитлив во половината и во глуждовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја стиснав темната ткаенина со топлите раце; го почувствував Марс, еден железен мирис, и Венера, мирисот на зелен бршлен, и Меркур, мирис на сулфур и оган; го почувствував мирисот на млечната месечина и тврдоста на ѕвездите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Го обележив кругот со шилестото на казмата. При првото обележување, линијата заради тврдоста на земјата одвај се забележуваше, моравме да поминеме уште еднаш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Последицата беше од чисто срдечно естетство, па затоа, поради мојата тврдост, за другите и остана незабележена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој се излага само во едно: во тврдоста на клетвата што ја даваат младите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
-Така, низ вените, низ коритото на својата крв, човекот со премногу тврдост, сам си создава киселини, кои во комбинација со храната, предизвикуваат разни хемиски процеси.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа го има оној изглед на тврдост и сериозност на некои невидни созданија, изглед над кој на човека остро му се нажалува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Умиравме, умирале, умираат без засолн во часот суден Ослободени од тврдоста на телото што ѓавол го зема.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Меѓу критериумите за избор важна улога играше заобленоста и тврдоста на газот (стручњак со потесна специјалност ги удираше жените по газот и со внимание ја следеше реакцијата, оти требаше да се регистрира секој детал: тресењето на газот нагоре и надолу, на левата и на десната страна, интензитетот на тресењето на едната и на другата половина од газот, пропорцијата меѓу нив, степенот на нивната споеност и слично на тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Комисијата за избор ја интересираше формата на градите, нивната тврдост или мекост, нивната подигнатост или спуштеност, потоа должината и формата на брадавиците; должината на нозете од горниот дел на бутот до колената, и од колената до петиците, раздалеченоста на нозете во горниот дел на меѓуножјето (посебно беше важно дали има таму триаголниче за ѕиркање од другата страна, за ѕиркање однапред или одназад, сеедно).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)