татни (несв.)
До небо плакати дигнете горе, да блесне, норма - графикон, да екне песна силна ко море, да татни вишен небосклон!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Под ова знаме Гоце се борел и татнел вишен небосвод, под него борец со желба горел, - за народ, правда, име и род!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Не пиштеа сирени и не татнеше небото и сепак - очите на тие наоколу беа ширум отворени, црнките во нив ѕвездесто прскаа и се топеа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Потоа зареваа сирени од сите страни на градот. Далеку, веднаш не можеше да се определи од кој дел на границата, татнеа топови.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Далеку, зад или над планините, татнат ви сивилото копита на невидливи џиновски коњи, молснува под нив за миг остра белина...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Татнат возови. Блуваат оган и чад. Брзаат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Татнат ударите врз вратата во мракот - сѐ додека завесата и нив не ги придуши. Штама. Завеса.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
МЛАДИЧОТ: (На овој крик, се скаменува. Дури тогаш му станува јасно за што станува збор. Сето подоцна што ќе го чуе од Милка татни во него.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Горе татни пазарската бучава и двајцата настојуваат со сета сила да ја кршат карпата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А сега снегот воопшто не врнеше и Змејко можеше многу добро да си го замислува тој грамаден сам крмак, тоа ѕвере со по два заба, вкопани напред во белината, со една огромна снага, по чии скокови земјата сета татне, како се пробива во мугрите низ неговата долина, споро, плавно и без скршнување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во близина пискаа локомотиви, татнеа вагони, се креваа пареа и чад...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Дента по блиските шини татнеа возови, шинобуси, пиштеа пробивно железничарски свирчиња, се сменуваа викови, песни, смеа, а стариот вагон на заборавениот колосек го гледаше сето тоа, слушаше и копнееше од мака.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Отаде, на фронтот пред нив, каде што татнеа топовите, хоризонтот беше затемнет од некои думани во кои по секој пукот од земјата никнуваше ново темничиште. Наместа од земјата избиваше оган.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Татнеше каменот, одронуваше други, ечеа карпите под нив.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
40. НЕКА Е ЖЕНАТА И КОЗА, НО СО РОГОВИ ЗЛАТНИ та кога ќе те прободе и раната да ти е мила, крвта на таквиот вљубен како вулкан татни и од секој женин убод бликнува со нова сила...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Тој расте од под земи со зрното пробива надоаѓа и пука татнејќи ми во градите на небото.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Вчас времето се вдаде се згусна и надојде од сокот со пролетта што нечујно татни по жилите.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Но растот нејзин беше побрз од мојот и поголем куќата што ми ја подјадува со своите долги длабоки корења што се шират во сонот што ми роваат та пукаа во ноќите без сон и ѕидови и порти се пореваа темелите и покривот ни татни од нејзините корни од нејзините гранки.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Се слуша „јуриш“ ! И излегуваме од окопите. Одново се пикаме во шумата. Шумата јачи, татони од „урааа“ !
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А крмакот кус и фатен во вратот, велеше, не може да се исправи, да ја досегне, велеше, туку само ќе грофта околу буката, ќе тупа со нозете и под него ќе татни земјата, планината.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)