татковство (ср.)
Таа сосредоточеност врз документарното битно го истакнува потеклото на предметот, а не татковството на неговото произведување.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тоа всушност беше последниот наш разговор во кој сакав но не смогнав сили да ѝ речам дека сум подготвен да го прифатам на себеси татковството на Иван и тоа не само како мое лично признание за тоа колку ја ценам, туку и заради една друга причина, што за жал немав сили самиот себеси да си ја признаам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А за да го узнае таткото од суштинско значење бил, според мислењето на момчето, и оној податок што може да придонесе во разјаснување на татковството: датумот на раѓањето на момчето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не бев спремен да го признаам дури ни тоа дека Даскалов од повеќе причини беше првата а можеби и најголема илузија во однос на татковството што толку често ги преплавуваше моите размисли.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Бевме веќе готови да излеземе од куќата, го подготвувавме стадото и нешто друго што имаше останато во куќата кога дојде Цале Ангеловски кој ни паѓаше некој роднина, но не знам што, и му вели на татко ми ...а бре Митре да не си полудел, кај ќе оставиш татковство и ќе одиш во друга земја?
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)