тапо (прил.)

Улицата тапо нѐ гледаше со многуте ситни прозорци како да нѐ заплашува со своето молчење.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По покривот на нашиот форд тапо и еднолично удираа капките.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Зошто го отру? Тапо гледаше во мене со искокорени очи како да виѓава на мене нешто од кое се плашат малите деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се збираа и тапо го испраќаа крадецот - така кришум го викаа оттогаш по до неговата смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сакаше да сврти зад соседната улица; но сѐ што беше во него, од ветровиот вез во маслинките до последниот кикот на машинките, се распрсна во силен прскот, во тапо кршење, ѕвечење, крик, и сето тоа се слеа во татнеж и како лавина тргна во недогледна бездна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По неговата кожа се лизга темен шум. Тапо шушка болка во три пршлени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не забележав кога дојде Гавранот. Го видов само како стои пред свирачите и тапо гледа во нивните набабрени образи, залепени со широките стапалки за земјата, со крвав поглед и стиснати усни, околку кои трепереа сите мускули на лицето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се сметаш за Аполон? Неговите зборови звучат тапо. Излижани се, празни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Работ на чашата тапо удри по неговите заби.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„На каков клин?“ не сфати Мирон; и пак во своето тапо настојување, не сфати: „На врбов. Потопен во света водица и опеан со псалмите Давидови.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На широката минсофа, послана со меки шилтиња и со долги извезени перници потпрени до ѕидот под прозорците од големата одаја што гледаше накај езерото, седеше Аспасија, мајка ѝ на Викторија, и тапо, беспомошно гледаше во стројничката излегната на перниците, како во своја куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Докторот ги избриша очилата и пак почна да го намотува брадичето околу розовото полно прсте. „Ова е заблуда“, рече докторот промрморе нешто нејасно, тапо, двосмислено; науката му се викаше сомневање.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тапо погледна во браќата и остана зачуден; не разликуваше кој е Мануш а кој Јанкуло. „Кој тоа?“ праша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пејачките и оркестрантите стоеја како шпиртосани на подиумчето и тапо гледаа накај масата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Капелата свиреше и гласот на една пејачка мрзливо излегуваше однатре заедно со цимбањето на раштимуваните инструменти и тапо удираше по ќепенците на затворените дуќани...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Фезлиев тапо гледа во сето тоа и за првпат не прави ни гест да го побара својот револвер.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Одекнува тапо, одмерено удирање горе, се оддалечува и пак се доближува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гледаше тапо, неодредено и загубено. Глигор приседна до него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Валијата тапо гледаше во градите на Глигор таму каде што кошулата, раскопчана, му ја покажуваше црномурестата кожа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја откачи од појасот, ја истури водата, се ведна, зеде едно камче, го стави во матарката, ја заниша- камчето внатре тропаше доста тапо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе