табу (ср.)
Со навлегувањето на овие беспризорни номади во нашата улица, широчината со трите багреми стана табу за другите деца.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Кој видел лав како лежи со јагне, така насилно рушејќи едно табу?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој ги отфрли сите табуа од него.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Бев свесен дека табуто е прекршено, но беше интересно тоа што е толку тешко да се лоцира каде точно е табуто.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
На една меѓународна група обожувачи пред сѐ ѝ е драг како писател, како автор кому ниеден табу не му е свет и никаква опсценост премногу необична за да не може од неа да направи книжевност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со векови постоеше фанатично табу против научните сознанија. Зошто? Заради стравот од Хаосот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но лудилото и ‘абнормалноста’ се табуа и ние често ги умртвуваме и отстрануваме наместо да ги изучуваме.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Орлан го редизајнира лицето со помош на козметичката хирургија, со што го исцртува досегот на трајните табуа околу телото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Самоубијците не ги гибаме... тоа е табу - рече Николај.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ајде, речи отворено дека знаеш и за транзиција и приватизација, и за демократизација - и разни други - ија, може и КРИзација, речи дека не сакаш за тебе да има табу теми!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се гледа јасно како едното
се распарува, чуден распар
и полутката е далечен сон пред него
па табу
па таен копнеж
па опседнатост
па нова причина за преселби
пуста желба, утопија
се топи во свеста
како грутка шербет
слатка смрт !
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Насекаде само минато! Табу до табу. Но описот продолжува.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ти знаеш дека човештвото ќе те чита и препрочитува, дека ќе зборува за тоа што рече ти за човечкото суштество, за неговите соништа и неговата стварност, за неговото свесно и неговото несвесно, за тотемот и табуто, за таткоубиството и инцестот, за Еросот и Танатосот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сепак, гледам дека постои скала на откровение од табуто на темава, што прилично ги смирува моите грижи. ***
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Неограничени можности за слободно себеизразување за да се проба и забранетото овошје, слободно чекорење по негазени патеки, можност без срам да се разголат сите догми и ѕирне зад табуата на непишаните морални норми.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)