сценски (прид.)
Но за сценскиот уметник врвно возбудување е премиерата! Особено за неа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Несомнената драматика на свршетокот: шиштењето на воздухот од хармониумот што ја проследува туберкулозната песна на Ѓорѓи, и стакленото око на неговата верна, несакана сопруга, што реско се тркала на подот, барокно ја украсувам со паралела од книгата прочитана попладнево: - Во сценска смисла, чувствувам дека тоа беше постепена смрт од највисок ред, како самоубиството на Потоцки, кој, самиот излеа куршум од златната дршка на шеќерникот, подарокот од мајка му за полнолетството, го благослови во домашната капеличка и осамувајќи се во библиотеката, со него си го разнесе мозокот. – Ужасно.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Драмите на Набоков ги развиваат во сценска форма за него вообичаените, нему драги идеи и не се можни кај ниеден друг писател.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Еднаш го намачка со слоеви флуоресцентен портокалов кармин, последниот од нејзината сценска шминка.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Италијански култ: култот на сценската глетка. Американски култ: култот на беспризорноста. Раскош на смислата наспроти пустините од безначајности. ***
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Кога заврши претставата, со грмеж во салата (дали како сценски ефект или како ровја над градот, не беше јасно), а светлата се запалија во гледалиштето, актерите излегоа пред спуштената завеса, избледена и излитена, па долго и длабоко се поклонуваа пред публиката измамувајќи само млак, пристоен но повремен аплауз.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А бидејќи угостителската дејност е угасната, тој е прераспределен на позиција сценски работник (работно место – кино оператор).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред десетина години, кога се уште непознатото во театарот го анулирав со конкретни примери позајмени од теоријата и сценскиот практикум по софиските едукативни центри и театри, во едно неделно поладне гарнирано со млеко во тетрапак и балканска меланхолија, тогашниот мој „сокафезник“ цимер, Митко, сега веќе граѓанин на Лондон, ме праша: - Ја познаваш ли Роза Радичкова? - Која е таа?
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Творците - стручните лица, бараат театарот да им припадне затоа што само тие знаат да ја изградат сценската изјава.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
За мене, публиката е дел од секоја претстава затоа што таа е сценски реалитет кој може и мора да биде подложен на режирање, само што нејзиното сценско функционирање е условено од умешно изработената претстава.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)