субаша (м.)
Секој од беговите – поединци имаше по чифлизите свои луѓе: ќаи, буљукбашии, сејмени, гавази, чауши, и којзнае уште колку други ушаци, маѓери, арамбаши, субаши, кои ја составуваа неговата лична одбрана и сила, со која ги држеа во покорност сите христијани по своите чифлизи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тие веќе си правеа во умиштата свои и беговски кули по сите мариовски села и поставуваа ќаи и субаши на секој чифлиг.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се смееја и си отидоа откај церибашата дури откога Рифат чаушот влезе и најави дека субашата Касим-бег го вика, зашто и двајцата треба да одат кај кајмакамот Ризван-бег.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Еднаш, тие и двајцата со Неби-ага му појдоа на церибашата Осман-ага во уќуматот, сега без работа, и пак не излезе дека тие не го почитуваат церибашата, или чувај боже, не му го ценат скапото време, туку баш дека го редат како поважен и од субашата, штом пред него зборуваат работи што не се за уши на еден чауш.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)