студирање (ср.)
Студирањето се плаќа нешто симболично. Државата покрива поише од 70%. За другите 30% не постои студент што не се снашол.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Така, се воведе можноста за извршување услуги од страна на странци без поседување на дозвола за работа, но само врз основа на потврда за регистрација за работа ако се однесува на давање на сле- дните услуги: а) договорни услуги кои ги даваат странски уметници и професионални автори (чл. 27); б) услуги за трговски саеми (чл. 28); в) услуги кои се поврзани со набавка на стока и постпродажни услуги (чл. 29); г) работи кои ги вршат странци кои во Република Македонија престојуваат заради студирање (чл. 30); д) услуги за итни случаи (чл. 31).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
По крајот на студирањето женската провинцијалка гледа да се упика за имотен „скопјанец” и по 10 години да се прогласи за стара скопјанка, а машкиот провинцијалец го наоѓа својот роднината од својот роден крај, односно „стариот скопјанец” кој пред 20 години се населил од село во Скопје, но преку дудлање станал директор или шеф у некоја државна институција.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Како брзо поминаа четирите години на студирање на Гаврил во САД.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
- Ти зборуваш за кола, а пари за Томовото студирање.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Понекогаш знаев да земам програма за студирање од еден приватен универзитет кој беше близу до трговскиот центар каде што работев.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Иако овие информации Рада преку „шпионирањето“ веќе ги знаеше, само не знаеше уште колку е при крај со студирањето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)