стрвост (ж.)
- Има и такви моменти кога ѝ дозволувам на мојата стрвост да владее.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Човечката уста, колку и лакома макар и по стрвост, ретко се отвора по нив, зашто насетува дека ќе се собере како шупче пред неговата скоменина.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сѐ додека во еден есенски ден, додека грмушките отаде оградата почнале да врзуваат плод тамам толку зрел колку да ти ја подотвори и така жедната уста, не само за дланка вода колку да преживееш туку и за стрвост по недозреано овошје, во луда желба што побргу да се досегнеш до смислата на живеачката, иако уште не си почнал да живееш - додека уште беше видно, Баге не се реши да се провне под жицата на оградата и како јазовец да исползи меѓу кулите на стражарниците до првата џбунка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Стрвоста и поривите ќе ни ги припитомат
и превоспитаат: на туѓи имиња
ќе се одѕиваме како на свои.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)