стрвно (прил.)
Страшилиште беше за Харпија—Албанец гневен сегде што грабеше стрвно.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Тој не се стрчна по неа. Само гавазот стрвно срипа и ја загони момата...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се лулаше земјата, се поткренуваа уплашени гримаси, изригнуваше пламен што темнината стрвно го голташе. Хаос се ширеше и го стеснуваше видикот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Слушам, Чако подлавнува. Отпрвин секиденски, а после погласно и пострвно. Јас се туткам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мислам всушност на оној момент кога тоа мало суштество, стрвно, иако со болка, го проголтува првиот бран воздух.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)