стравотија (ж.)
Веднаш потоа во свеста му се појавија сите стравотии од минатата ноќ.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Го видов пред паѓање оќоравениот Арсо Арнаутче и го видов полуголото старче како бега со крик низ вратата, слушнав извици на некои што доаѓаа и почувствував дека почнувам да повраќам чемер, и сѐ беше стравотија на крст што паѓа врз нас, нѐ дроби и остава да изгнијат под неговата тежина мртвите надежи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако сакал некој да знае, тој можел да му ја напика в џвало вистината: чудовиштето лежело во самиот параспур на македонското село, во неговата слабост да се измачува со секакви стравотии, со морници да ги задушува морниците на грубиот живот; да, животот е чудовиште што ја подгонува кон бездна двоколката на судбината во која се запрегнати луѓето, сите во јарем и со железен жегол в грла, слепи за крајот на патот, запенети и со сокрвца на напукнатата кожа, со набрекнати јагарци од обете страни на гркланите, под мишки и лево и десно под папоците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој свет е terribilita (така ги нарекувале сликите на Микеланџело), тескобна неповрзаност, стравотија која не можела да се искаже со правилата на класиката, извртеност.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Како да се заборават тие стравотии?... Во кој скришен дел од мозокот ќе ги смести човекот за да може понатаму?...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Но, и тие ги осетиле стравотиите на бомбардирањата. Бегањето во скривниците. Затворањето и мачењето на блиските во затворите.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Оние поединци кои го имаат посетувано училиштето за стравувања и стравотии или пак оние другине кои на панаѓурите навикнале да ги шетаат одаите на ужасите можат да се досетат како се чувствував.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Писокот на свирењето на ветерот се лелееше низ воздухот во селото одавајќи ја стравотијата, се одбиваше од голите околни ридови, предадени на ветерот како покорни заробени војници.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)