стравичен (прид.)
Дури и Рафаел го губи, цртајќи ги нацртите за фреските за ватиканската Stanza, трпението за милност и достоинство кои и нему му стануваат напорни; во приказот на потопот се гледа склоност кон апстракцијата, радост и уживање во храброста, во насетената снага да се совлада не само убавината туку и Горгона, она стравичното.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сакале да чувствуваат каење и да извршуваат покора за, како што тоа веќе го правел Аретино, што поинтензивно да се доживее „стравичната сласт“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тоталитарните режими, особено во периодот на сталинизмот, владееја со ужасни, стравични методи во потчинувањето и обесправувањето на човекот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Нив ги измачува, ги боли таа празнина, тие очајнички сакаат таа празнина да ја исполнат, ама и ужасно се плашат од стварноста која може да ја исполни празнината, затоа што стварноста ја доживуваат како стравична закана, како нешто што ќе го поништи нивното празно Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)