сторител (м.)
— Не ако го сторите, ами ако го сториме, речи. Ете, и ти си сега со нас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како да се грижиме за животните и птиците во зимски услови, како да се постапува, а при тоа дадоа податоци дека на Водно биле уништени - од несоодветни непознати сторители - тотално биле уништени хранилиштата и солиштата за дивеч и куќички за птици - кримилници за птици, направени и поставени од малкуте вработени во Парк-шумата Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Вандализам! и уште - непознати сторители!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
КЛАУС: Се надевам дека тоа ќе го сторите што поскоро.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Не знам како се случи со тој штрајк, но сигурен сум дека ако сега нешто сторите веќе нема да се повтори.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
СТЕВО: Но јас едноставно не очекував дека тоа ќе го сторите.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А, против одлуката за прекршок што ја донел Прекршочниот орган може да се поднесе тужба за поведување управен спор пред специјализираниот Управен суд на РМ (чл. 10, ЗИДЗРО/дек.08). д) Во декември 2008, со втората измена на ЗРО (2005) – којашто, патем речено, скоро во целост се однесуваше на „казнената политика“, покрај тоа што, како што видовме, глобите неколкукратно се зголемија, беа додадени и некои нови појаснувачки и процедурални одредби: • со чл. 266-в е регулирана постапката за порамнување којашто државниот инспектор за труд е должен да му ја предложи на сторителот на прекршокот, и тоа пред да поднесе барање за поведување прекршочна постапка.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, само по неколку месеци, со втората измена – од декември истата 2008 година, се предвиде дека, во оваа ситуација, на работодавач кој е правно лице, ќе му се изрече глоба во износ од 15.000 ЕУР (чл. 8, ЗИДЗРО/дек.08); • за прв пат е воведен и нов член, 266-а, кој предвидува дека – ако трудовиот инспектор утврди дека е сторен некој од наброените прекршоци, должен е на сторителот на прекршокот да му предложи постапка за порамнување и посредување, согласно со Законот за прекршоците (2006) – чл. 29, ЗИДЗРО/авг.08.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Сторителот кој ќе ја плати глобата во рокот плаќа само половина од изречената глоба; • со чл. 266-г се регулира постапката за посредување и постигнување согласност, со која сторителот на прекршокот се обврзува да ја плати глобата и другите давачки, но и да ги отстрани последиците од прекршокот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За кривичните дела за кои се гони по предлог или по приватна тужба, предлогот или тужбата се поднесуваат во рок од три месеци од денот кога лицето овластено за поднесување на предлогот или приватна тужба узнало за кривичното дело и за сторителот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако сторената штета е од поголема вредност – сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако лажниот исказ [на сведокот] е даден во кривична постапка, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
ГРАБЕЖ Ограбиле банка Сторителот во бегство Криминалците на работното место
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Беше избришана одредбата дека инспекторот на трудот на сторителот на прекршокот му врачува покана за плаќање на глобата на местото на прекршокот (чл. 41 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)