стопанисување ср.

стопанисување (ср.)

Но, од нив Холанѓаните не се откажале и, во една пригодна, малку поизменета функционалност, им нашле место и во сегашните текови на стопанисувањето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Причината ја гледа во пазарните услови на стопанисување и воспоставениот суров капиталистички систем, кадешто основата е интересот на капиталот, а не на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Следствено на тоа, во наредниот период, почнуваат да се чувствуваат последиците од лошото стопанисување со установата, а вината за таквото работење едноставно се префрла на самиот угостителски објект.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Привилегиите и посебните погодности за вложување и стопанисување на странски лица се определуваат со закон (чл. 31, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во соопштението што Националната компанија за стопанисување со електрична енергија го испратила до јавноста стои дека некој си маж, крстен по великиот диктатор, поткопал опасен електричен столб.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Разделена од својот невработен и хировит сопруг, морала да стане самохрана, вредна и тврдоглава деловна жена и успеала скромните домаќински вештини да си ги преточи во доходовно стопанисување со успешен синџир на ресторани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)