стоковен прид.

стоковен (прид.)

Во крчмата останаа неколку недопиени чаши и сурова, стовековна тага.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дека е така, човек може да се увери на секој чекор, по трамваите, во кината, стоковните куќи, бистроата, кафеаните, на станицата и при обична бесцелна прошетка по франкфуртските улици. Насекаде ќе чуеш наш збор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа се случи и во една од стоковните куќи на „Призуник“ на „Пагал“, каде што една од сомнителните жени беше фатена во кражба по штандовите при обидот да избега.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пред големите хотели и пред универзалната стоковна куќа ЦУМ има многу автомобили со странска регистрација.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секако, ќе биде принуден да го задржи малиот апартман во Центарот, зошто работата со стоковните куќи добро тргна.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
„Предлагам да одиме до новата стоковна куќа. Да се возиме на ескалатори“ рече Влатко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од мене сакаа да направат трговец. Продавач во стоковна куќа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Уште подоцна настанува некоја длабока омраза, иако не кон целата вселена, којашто започнува со Big bang-от и продолжува сѐ до стоковните методи и којашто со сите свои полиња и релации обликува проект што „експериментално“ го задржува калкулативното мислење.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Вчера имале дуќанче. Утре ќе отворат стоковна куќа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Дојдоа некаде каде што тротоарот, поради тоа што тука имаше една голема зграда чие приземје беше некоја стоковна куќа, беше скоро тројно пошироко бидејќи зградата беше значително повнатре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мајка, на излегување од стоковната куќа, како подарок, го добила годишниот каталог на Ла Ринашенте, главно за пролетната мода на 1939 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајкината книга беше најобичен каталог на големата италијанска стоковна куќа Ла Ринашенте, во најголемиот дел посветен на пролетната мода во 1949 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа беше така сѐ до вечерта кога Мајка, по многу години, го изнесе својот втор каталог на стоковната куќа Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Уште нешто: Лиле навистина работи у стоковна куќа ама не на втори спрат туку на приземје, а Ѓоко не вози дупла двојка туку обичен градски аутобус.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Најважното го оставив за крај: Ѓоко со години работи како шофер у ГСП, вози дупла двојка од Сарај до Аутокоманда и обратно, а Лиле работи у Стоковната куќа преку мост, на втори спрат.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Проститутката уживаше во сопствениот одраз од излогот на стоковната куќа на главната улица, на која само тој ден имаше право да ги сопира несовесните возачи, елегантно кревајќи го знакот „Стоп“ и дувајќи во свирчето, толку меко, речиси нечујно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Нивното сеприсуство во градот гарантира дека „ниту еден миг на шетањето низ градот нема да се мине без присуството на стоковните слики“149.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
У тоа време имаше една стоковна куќа со една марка на патики Симод и една марка на трењерки Јаса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)