стетоскоп (м.)
Тој со лутина се загледа во свргаво дрво за да не зјапа по жените: разумот му беше стетоскоп, ослушнуваше што се случува во него.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кога амбулантната кола пристигна, еден од црните болничари веднаш го допре стетоскопот до надуениот стомак на жената и објави, „Го удавила и бебето.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За дар, новопечениот аспирант за доктор, од Снежана, мајката која во него ја вгради сета своја мудрост и добрина, доби стетоскоп и апарат за мерење притисок.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Рада зјапаше во копијата на Томо, човек во бел мантил и стетоскоп обесен околу вратот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)