стега (ж.)
Оној третиот Пенчо што го знаев - сонот на моето детство, бестрашен и силен, господар на сите деца од улицата, со параден војнички чекор, слободен од стегите на уличиштето - полека гаснеше во мојата свест и оставаше во мене некаква празнотија на измамен човек, навреден до солзи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Со воздишка на ослободеност од мори и стеги ги заборавам, нив и себеси вчерашен меѓу нив.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сѐ остана вон овој задимен простор, густо наситен со миризби и звуци... Сѐ - освен заборавот. И урнатите стеги на желбите и страстите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
НЕДА: Не... Не... Не... Не, мили. (Отпрвин таа се противи, се обидува да се ослободи од неговата челична стега, да се откине од неговиот здив, но не успева.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Само в крчма се опушта, па се загрева однатре и се растопуваат стегите што го држат во замолченост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тие казни не го оставија на мир ни Гоцета, кој многу пргав по природа, не можеше да трпи стеги и неправди.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
И колку што магарето напињаше со главата да се ослободи, толку оглавот сè повеќе го стегаше за гушата и почна да му влегува вода в уста и да се дави.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ги отфрлам стегите на црквата! Го отфрлам моето грешно минато! -страсно -Верувам во слободната љубов - кон тркалата - Газете го!
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Му велеа роднините и пријателите да ја напушти да земе некоја куќа под кирија во селото, но тој не сакаше да чуе; постојано ги потпираше ѕидовите со дебели дрвени појаси, ја вклештуваше во дрвени стеги и не ја напушташе - не сакаше да се сити Танаил.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тука се осамува, се оддалечува од обесхрабрувачките потсмеви и масовните стеги, обилно ги враќа изгубените атоми оптимизам.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„Ние“ чувствуваме потреба по скалила и врвови „Сакаме“ само да погледнеме и да се видиме разиграни над рулетот Додека топчето застанува над нулата и банката собира сѐ Да бидеме војници во непостоечки војни Работници и питачи во ред за дневни потреби деца занесени во “фантастичниот” свет на игрите птици со врзани крилја во железни стеги ланци на вратот и пропишани норми.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
На ќерките на таа граѓанска самосвест, значи на законските ќерки на граѓанската, а со тоа и женска еманципација на ова наше столетие, на жените ослободени од стегите на патријархалниот морал и обврските спрема нацијата односно државата, но со самото тоа меѓутоа повеќе свесни за социјалното и политичко значење на својот пол, на таквите жени нешто такво какво што е Херцеговецот од вицот никако не може да им се случи. 28 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Балканот се ослободуваше од стегите на идеолошкиот тоталитаризам, а дури и во родната земја, за чудо, падна сталинизмот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тој не ги поведе своите на манастир, како што правеше секоја година, не ги поведе да не му пречат, зашто мислеше на сѐ, - можеби ќе си пријдат со Богдановото девојче, необични и тој и таа, узнавајќи се од душа такви, а тогаш треба човек да биде сосем слободен, ќе треба можеби да бегаат заедно далеку од род и родина, каде што сите стеги паѓаат, ќе треба можеби уште веднаш да загинат заедно, дека е тоа најдобро, не знае тој.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Треба да се ослободите од стегите на вашиот мазохизам и да пуштите да ве води срцето.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Откога ќе се ожени и оплоди, покрај принципи, концепти и авторитети, доаѓа многу цврстата рамка, родителството, врзувајќи го за своето чедо, го оградува јаремот – родител, речиси до крајот на животот – зборуваше старецот. – Таквиот човек, окован во стеги, не е свој.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
До 1878 бугарската пропаганда во Македонија имала предност во однос на другите две пропаганди поради фактот што дотогаш Бугарија и Македонија биле во рамките на Османлиската империја и заеднички воделе борби за национално ослободување од повеќевековното османлиско ропство и духовно ослободување од стегите на грчката патријаршија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
За волја на вистината, Хабиб Бургиба ја промени судбината на Тунис, стори многу повеќе за својот народ под стегите на колонијализмот отколку други африкански владетели.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Трајното ослободување на Потомците на блиската роднина (освен мојата маленкост) од ментално-физичката стега не само што ќе го задоволеше чувството за праведност ами можеше да поттикне и благополезна религиозна полемика, исто како и лектирата „Злосторство и Вазна“ на часот по литература, која ја воодушевуваше романтично настроената професорка. „Дали јас тоа споменувам - вазна?!..“
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Напишете ја тагата, напишете ја болката на лист хартија, напишете дека сте си простиле на себе и на другите, ќе почувствувате ослободување од стегите на негативните чувства, јасност и што е најважно надеж.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)