срценце (ср.)
Малечката Пелагија сериозно чекори меѓу нив двете, ама дека срценцето ѝ е полно со радост кажуваат нејзините очи исти како сината срча на небото кои ту се лепат на одвај видливата насмевка на мајка Перса, ту на сериозното лице на мајка ѝ која како да води некој безгласен разговор во себе.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Второто јадење веќе мирисаше оддалеку - чингано тавче пржен ситнеж; џигерче, бубреже, слезинче, срценце, јаначе, јазиче, окце, мевце околу ребрата - се телешко, од штотуку заклано теле зад куќата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но, мили мои осамени срца, срца златни, срценца невини, кругот мора да има точка – иницијација, и точка - цел.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)