срцевина ж.

срцевина (ж.)

Тоа ја сочинува суштината и срцевината на неговото учење.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Таму, на крајот на земјината срцевина е темелот на камен и бетон.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше како некоја стара семенка, која долго време си ја чувала во својата срцевина магијата за да го сети тој топол здив и да почне да се буди, да поникне под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ додека не почувствува едно ужасно свивање во стомакот, кое како да просвире низ некоја негова срцевина и го остави прошупливен и празен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги приближуваше и ги подготвуваше и најодалечените трупци по ќошковите на таа просторија, ги прибираше пред себе како некое стадо, додека можеше да се оддели од пилата и да ја остави неа да беснее во срцевината на оној, што сега го работеше, а под неговите раце тие и по еден метар дебели трупци ги напуштаа своите места, вкопани во пилотината и почнуваа да се префрлаат еден преку друг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Гледај ваму, ми вели татко, ова е даб благун и тој има најмногу срцевина за спици, за бочви и за качиња и да знаеш за отсега, ми вели, рапавиот даб е само за јаглен и за греење, а царевиот даб е за ништо, вели, оти нема срце и брзо скапува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во срцето на дрвото, црвот Му ја гризе срцевината, Дрвото вене и темнее, Красти му ја смукаат топлината, Крај листот чучулига слета.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Чекале некој нешто да објасни. Како да се надевале дека со него ќе е мртва и големата сенка што ги следела ноќе, се надвиснувала над нив, им ја пиела срцевината. Се чувствувале некако свечени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од тие дрвја се одбивале секирите на дрварите и се кршело железото, од плитко засечената кора се цедел сок по густина и бледомедена боја сличен на коскена срцевина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеле само да ја исцедат од себе срцевината и да накотат во шупливоста ларви од кои тој самиот ќе се повторел во секакви облици и, со срце скриено од врани и душмани меѓу бозја, ќе го слушал златното брчење по ритчињата на татковската земја. „Таа е нема!“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Белината во својата срцевина како да има една искра од која таа белина се шири зголемувајќи се како што ми се приближува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Срцевината на јаболките му била непотребна и тој ги исчистил јаболките во нашата соба, а срцевините ги фрлил во корпата за непотребна хартија.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сликата ти е недофатна божја, сатанска, бесмртна бела, охола ало, лакома суето, Киту твојата јасна росна јарост крвавиот рев вресот на твојата пена - грбна лавовска локна зборот може поверно да те опише од било која икона, лажен идол -развратен знак на китоловците- Милосрдна срж, срцевино, божилаку казни ги поганите: скриј ја вистината ‘рскавицо на покајанието послушај го умот на бога Магу, уживач на морски бездна - утробата на светот Цицалче големо лицето исцели си го од длабочини, Ламјо совршена прскава, мрсна, врела, отровна...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Запознај ја вистинската природа божја Обој ја срцевината на твојата рожба Во колорит што ќе ти донесе спокој Во зрак светлина за вечен покој 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Мора да најде начин да ја скрши кората на навредувањето и да навлезе во него, да дојде до неговата срцевина, до човекот за кој се омажи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа се сомневаше дека нешто не е во ред, дека нешто ја гризе срцевината на ова дете.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа имаше необична способност да го зграпчи проблемот или ситуацијата, да допре до нивната срцевина, за да најде решение или лек за нив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нема збогум Мириса на портокалова срцевина портокалова портокалова пресечена месечина.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
И пак и одново му се присторува дека некој таинствен глас на разумот, совеста и осудата допира до него некаде од срцевината на дебелите и многувековни дабови што растат на оброчиштето одспротива и го прашува: ЗОШТО!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пределот крај реката, под тврдината Кале го насели засекогаш меморијата на смртната тишина, градот се осиромаши засекогаш за срцевината на неговиот живот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе