срна ж.

срна (ж.)

Неда како срна отрча дома и на прашањето од мајка ѝ засрамено одговори: — Си дошле, в река да појдат обата, токо лели се арамии, неоти ногу ќе седат!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го гледаа белото блескаво езеро долу пред нив сѐ до малото езеро и мрачните албански планини, ги починуваа очите на зеленилото спрострено под нив, понекогаш ќе здогледаа срна како пасе мирно и одвреме-навреме уплашено ја крева главата да разгледа дали некој не ја демне, а живо задоволство беше кога ќе се појавеше дива коза, една или повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Беа живи, врели, трепетливи срни, беа Марии. Беа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Силно распалената страст во неговата душа, бараше и силна храна - бараше уште повеќе срни!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Момата запре. Бргу ја крена главата и зачудено, како срните пред да одекне истрелот, ги рашири големите сини очи, погледа во правецот од каде што се чу извикот и ги стегна со раката растреперените гради.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Колку повеќе срни му излегуваа пред пушката, толку подиво ги гонеше тој гавазите и ’ртките, да трчаат наоколу.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Очекуваше, постојано со некој страв од секое свое движење, просто како да се вардеше да не го исплаши самото разденување, што газеше наоколу напрстечки со плаховит чекор на срна, а за сето време внимаваше да не испушти од својот поглед ниеден миг на ниеден од сртовите над себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не ќе биде лошо, мислеше сега Змејко, во сите тие денови да си удриме нешто, некој заек, или некоја срна, некоја дива коза можеби, или некој јарец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остануваше притиснат, скучен и сам, а во неговите добри очички, какви што можат да бидат сретнати само кај срните, стоеше нешто толку далечно и стаклесто, во кое беше цела една непремостива провалија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека срната е преплашена, дека ќе помине време додека се привикне, а сепак во едно паниче стави малку ченкарно брашно и го принесе пред неа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ќе се успокоиш па ќе почнеш да јадеш - рече Бојан, па си помисли дека срната можеби ќе сака да јаде од сеното, или од јаболката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Што да правиме со Кротка, дедо? - праша Бојан попладнето, кога се врати со срната од Заветна, каде што ја пасеше, држејќи ја врзана за јаженце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За таа работа ги собраа селаните од сите мариовски села и небарем срни бркаат, почна претресувањето на густите борови гори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Срните почнуваат да плачат дека останале шути, а елените дека од скршениот рог раната им зјае...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Кога ќе се разденеше, во снегот наоѓавме завеани зајаци и лисици, еребици и срни и разни други живинчиња. Маче до куче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Изрипуваат јазовци, срни и зајаци, кршкаат меѓу дрвјата, цела планина се преселува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Големата шума, од првото разлистување хранителка на срните и волците, го проголтала коњот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
КРТОТ: Собрали ми се, набрали, сите селење, кметове, црвено вино пиеја, јагнешко месо јадеа, голема дума думаа, да утепаат еленче, и таа срна кошута!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Со едно пороже ја врзавме срната за врат и му ја дадовме на Килета наш да ја води, а ние тргнавме по него.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Верувам дека поради срната тој ни го продолжи одморот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќе