срипува (несв.)
Срипувам тогаш од креветот!... Оваа ќе ја смачкам! Ќе биде последната!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Всушност, Мише дишеше и мирисаше на гулабарник. Ноќе заспиваше милувајќи ги во сонот гулабите, се насмевнуваше среќно и блажено при помислата на нив или срипуваше, вџашен и исплашен, ако во сонот околу гулабите му се врткаа крадци.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Срипувам од креветот како попарен, правам сплет шпаги, набрзина мијам заби со четка за нокти, ставам гас-маска за да оставам подобар впечаток, те со растреперени раце кревам слушалка и со милозвучен и правичен глас велам „Ало?“
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)