споен (прид.)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Точно меѓу трите споени краци. Треба само паф, и збогум !
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тој не ја насетуваше во совршената взаемност на двата споени сада сеопфатната форма на духот на бесконечноста како ползи на работ на секоја капка време.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Споените алиња, ги спојуваа во слога и љубов и нивните дедовци и татковци, баби и мајки.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
8. Она што во преминов ќе го сонуваат, ... овој терминално разигран пар, кога наскоро ќе заспијат, ќе биде прескокнато: секвенците од соништа се строго забранети во нивниот дом, па и ако е тоа само изнајмена соба на некој карипски или флоридски остров, најнов и последен во среќно протегнатата низа низ со работа исполнетите децении на нивните споени животни приказни.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
- Можеби нема никогаш да се венчаме, ама срцава ќе ни останат споени и секоја година ова време ќе патуваме заедно.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Уште една штица - патоказ со истиот натпис и десетина чекори од тука две споени карпи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во последниот дел од ревијата моделите носеа отворени лежерни фустани со тенки бретели, истакнат струк и широк пад, или гол грб со тесна долга сукња но во весели, шарени дезени: „Флорида“ (акварелни цветови), “Гранд При“ (цртани цветови), споени птици во стил на Ешер во црвено/светло сива нијанса, со лудо поставени вистински цветови/камелии над косата и мрежа која паѓа над очите.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Закони. Европа. Функционираат како систем на споени садови.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)