спирален прид.

спирален (прид.)

Спиралниот звук на сирената продираше во ушните школки, копаше, начнуваше сѐ на својот пат, се таложеше во луѓето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И оној од Ираклион, се сети, имаше приказна со неа во главната улога: се качуваше по спиралните скали со везена железна ограда на една сецесионистичка зграда.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Потоа, пробивајќи се низ трошливото месо на толпата, гласот продолжува: - Во спиралното патување,ветерниците ќе го чекаат на истите места.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Низ целата оваа фраза, отменоста и простотијата наизменично се сугерирани, потенцирајќи се меѓусебно низ спротивност, исмејувајќи се со сарказам и простотија, и таа двократна димензија се однесува на амбивалентната перспектива на спиралната оптика на филмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Насловот на делото во потполност се совпаѓа со амбивалентното движење и перспективата на спиралните слики.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Машината, којашто се состои од вртлива полусферична купола во која се насликани серија концентрични кругови во спирален облик, беше сместена во една просторија во Палацо Граси специјално подготвена за оваа прилика; на ѕидовите што го окружуваат делото декоративни фризови од малтер со привлечни теми, конфигурирани во тондо-формати сочувани од оригиналниот ентериер на зградата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го нарече „прозор-греалка“ бидејќи тој, како и повеќето негови синтагми - уснени бродови (Mund- Boote), забни огради (Zahn-Zaune), тревнати бради (Gras-B, 139rte), спирални очила (Spiral-Brillen) - во својата формална амбиваленција истовремено потсетува на повеќе нешта: на мала печка и на оние виенски прозори на наемните куќи од времето на несолидните претпријатија (Grundjahre, понекогаш и Grunderzeit, е време на несолидно работење на германските акционерски друштва 1871-1872), кои секогаш имаат некој вид круна или капа од штукатура.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Пристигнат од Исток цвет или бран во трепет сет; на ветрови нежни сплет - прилика во тивок лет - кон спирален плови тек зрак зад брегот модро мек ненадеен од недоглед сам се влева в суден след: ред сред буден непреглед.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не се сеќаваше на самиот воздушен напад, но се сеќаваше на раката на татко му која ја стискаше неговата, додека брзаа надолу, надолу, надолу во некакво место длабоко во земјата, околу наоколу едни спирални скали кои одѕвонуваа под нивните нозе и кои најпосле толку многу го истоштија, што почна да кенка и тие застанаа да одморат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немаме големи пориви, знаеме дека судбината нема некаков спирален тек, туку дека е едно неумитно преповторување на погибелни циклуси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
КНИГАТА ЕСЕЈ метално чиста со цврста маса што одѕвонува сталожена спирално овенчана со чинот на раѓањето со сѐ што е банално во стисокот на рацете во писокот на локомотивата во заминувањето кон личната слобода што заробува во една фуснота посветена на моето заборавено име
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)