сочувствителен (прид.)
Но сочуствителноста којашто ми е толку многу својствена чини морници да ми џуркаат по `рбетот во темето, поради грозомората во која се наоѓаат оние кои се останати надвор од црвените предели на животот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Само од состојба на слободно себство можат да се испратат искрени сочувствителни сигнали кон другите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Нема да раскажувам за сите мислења што се кажаа за тоа каде можела да исчезне водата, кога и каде се случило нешто слично, за сочувствителните зборови кажувани на некој посебен, маказаречки начин, за помолчувањето и вртењето глава.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сочувствителен со страдањата на својот народ, Коста бил готов да дели сѐ што имал со оние што немале и страдале.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Нејзината мака е најголема, жими тебе“, со сочувствителност во гласот рече баба Севда.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)