сотира (несв.)
Нашата војска е толку силна што постојано ги сотира тие комунистички банди, на кои им дојде веќе крајот ...“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
XI Гладот, што како стрвина се нафрли врз селото, постојано и сѐ повеќе се вовлекуваше во празните амбари и ношви и ненаситно лиже, гризе и сотира.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Што ја сотирате рибава... Тие како што си дошле, така еден ден ќе си заминат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Последните гласови од она што некогаш беше нивна татковина допреа само да ја донесат веста за пропаста на Големото царство, уништено без милост, со истите оган и бес со кои и самото сотираше.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
„Дојди, те чекам со штедрота. Жажда ме сотира по крв, крџалио.“ „Доаѓам ... Дерман ти нема.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Она што ќе дојде не им е достатно на современиците: Себичноста, тој коров на душата, не сотира нас денешниве луѓе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во Македонија, и на еден дел на Балканот, еден вид чума (Pestis opis) ги сотира седалките на пчелите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Нема патување додека не го фатиме.“ „Нема патување, денес?“ „Реков веќе. Ќе појдеме на лов. Ѕверот само така се сотира.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За Правдољубивиот, опседнат со братоубиствената војна, сиромаштијата на државната благајна и постојаната закана на гордите азиски освојувачи, патрицијот припаѓаше на групата сестрани интелектуалци, но крајно немоќни пред непредвидливото тркало на историјата, кое во деновите на агонијата на Царството, сотираше со вртоглава брзина.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ете, значи, поданици кои дословно се инкарнирани со угнетувањето чии што се жртви, принудени да се препознаат во државата што ги сотира мавтајќи им пред очите со нивниот сопствен лик.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И уште ќе рече: Ами, Атанас Бамбо што вади по цела ноќ, ами Коте Буџе, па Стојна на Сотира Бачо... Сите. Да, навистина, сите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Господи, човеков го сотира љубомората“, побрзав да заклучам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Размислував: живите суштества ги сотира гладта и жедта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со силата на своето мото си поигруваш со судбините ги сотираш невистините..
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)