составувач (м.)
Бидејќи секој систем на писмо, а особено алфабетот, претпоставува имплицитно претходна фонетско- фонемска анализа на јазикот од страна на составувачот на писмото, тогаш секој систем на писмо претставува најстар пример на лингвистичко истражување во конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но главниот адут на Палигоров, за да ја смири оваа непогода со Донски, остануваше главниот составувач на предлогот, историчарот Сокол Мечевски, инаку близок пријател на Водачот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Да знаев дека таквите нешта многу лесно поминуваат, всушност, имаат висока цена кај режисерите, актерите, директорите на театрите, кај некои театарски едукатори, доктори на наука, составувачи на антологии многу одамна ќе замолчев како драматург, како човек што пишува, всушност, ќе сфатев дека кај нас во македонската драматургија и театар, навистина има недостижни нешта.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Климент Камилски не можеше лесно да навлезе во тајните на Татковата библиотека, се прашуваше која била крајната намера на составувачот на библиотеката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)