сосетка (ж.)
ЛУКОВ: Кога треба да дојде таа Ваша сосетка?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: Ќе бидете ли добри, госпоѓо Христова, до утре во девет да дозволите грижата за Вашата сосетка да ја имаме - ние? Добра ноќ, госпоѓо Христова. (Излегува.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: (Одвај се воздржува.) Јас мислам дека во однос на Вашата сосетка ние се разбравме, госпоѓо Христова?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Овде никогаш одново ќе биде јули: Дрвја со црвени плодови, Старичка што со недели чека да се воздигне За да си поразговара со својата сосетка на небесата, Ѕвезди во дланките на заспаните дечиња, Жени со набрекнати дојки легнати под сенка, Крикови на птици среде летната замаглина над ожнеаните полиња, Илјадници пеперутки скаменети во сенката на облакот, Српови расфрлени кај јазот, Црна сол врз изгорените костури на тревките И една девојка што полни ведро во бунарот За да му подаде студена вода на оној Утре што ќе следи на ова исто место Загледан во дрвјата со црвени плодови Овде некогаш одново ќе биде јули...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
За најважни нешта, за мир или војна, прв советник ми беше соседката, баба Стојна.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Уште од рани зори момите и невестите, засукани високо над колена, ја газеа калта, притоа низ песни им дофрлаа на сосетките: Нашите црепни најлични, вашите црпни - црепутки Митро ле, моме најлично, али ти земја грутлива, али ти криви нозете, што ти се црепни - црепутки? - Ихиии!...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ергените, од секое домаќинство по еден, токму оној што се замомчил и требаше да се покаже, или оној што требаше да избере и да биде избран од некоја од момите, за наесен кога ќе започнеше мрсот, да се ќердосаат, дотука вода во калта, искусните домаќинки, за радост на бабите и децата, поседнати наоколу, ги виткаа црепните, сосетките одговараа: - Не ми се криви нозете, не ми е земја грутлива, туку ми лудо намигна, туку ми умот поштукна, зато ми се црепни - црепутки. - Ихии!...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тргни се додека не сум го извлекла секирчето од нарамников. Или сакаш да ги повикам сосеткиве со сукала и со пиралки?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Доколку сосетката со златни дамки на лицето се омажи, се скраси намалена во сенката на заштитникот, нивните исчукани домаќини со темни сенки под очите од неспиење ќе се смират и не ќе скокаат ноќе од сламарниците и рогозините да се движат призрачно нечујни по селото како плеснати по тилот со биволски опаш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можев чисто да ги обвинам дека ми го загадуваат воздухот во Републиката и со првата сосетка што ќе тргне по мојот пат да основам Балканска заедница во која тие ќе можат да бидат примени.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Последната мајчина рожба виде бел ден со помош на старата Русинка, нашата прва сосетка која живееше со своите двајца синови.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Или можеби сакате да ви дојде Милошевиќ!? - вели сосетката со страшен глас, внесувајќи ми се во лицето.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Замислете да сте биле на фронт и сега да се тркалате во инвалидска количка - вели строго сосетката. - Боже, навистина...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кога е во прашање филм каков што прави Хичкок, станува збор за концентрација на вниманието на публиката кон екранот во толкава мера што, на пример, арапските гледачи престануваат да лупат кикирики, Италијаните да ги пушат своите цигари, Французите да ја милуваат својата сосетка, Швеѓаните да водат љубов меѓу два реда фотелји...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Нејзиниот парфем останува уште некое време да виси во воздухот, колку да му ги дразни изострените сетила на К*, кој со носот ги лови последните атоми на, веројатно, скапиот мирис што го носи младата сосетка.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Сосетките не ја криеја зависта и љубомората кон неа. Кон сите нив.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Старата соседа Воскресија, и таа се беше внела во подготвувањето на вечерата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Розите ги губат своите бледникави ливчиња, но веднаш до нив, нивните сосетки горделиво, во следниот час, распупуваат нови цветови.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Последното се чини беше најверодостојно, зашто доаѓаше од устата на Мара Банџорка, најблиската сосетка на Кијмет.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ја немаше Мајка. Ме сети првата сосетка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)