соседски (прид.)
И така Дуде растеше од Груда до Горда, додека слободата слегуваше од планините до градовите, прво во опинци па во цокули па во чевли, а сирењето што им беше и појадок и ручек и вечера сега го немаше ни за лек, додека се подавија во пипер и патлиџан, барабар во краставици со сите кривини, а девојчињата што ги израснаа крутите селски здолништа немаа со што да си ги покријат пожолтените гаќички па навлекуваа куси панталони од постарите браќа и ги префаќаа нивните кражби по соседските овошки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во својата контроверзна одлука судијката го отфрла сведочењето на единствениот сведок кој и беше директен учесник во настанот, на база на соседски и пријателски однос меѓу него и Јакшиќ, а го прифати сведочењето на надзорникот кој беше и единствениот кој знаеше да работи и кој ракуваше со машината.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Таа беше со аур во приземјето, полн со ѓубре и сламиште останати од времето кога Веговци тука чуваа добиток и со беличести скреби што однадвор имаа продрено внатре и каде што сосетските кокошки несеа јајца со надеж тука да ги лежат, но со кои се хранеа змиите.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)