сопнува несв.
сопнување ср.

сопнува (несв.)

Во куќата сум незабележлив. Се сопнуваат на мене, ме кошкаат и никогаш ништо не ми говорат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Патем се сопнуваше, паѓаше и пак стануваше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сигурно снегот ми ги сопнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се лизгаме на шумките, се сопкаме на треските. Се влечкаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И како што сум одвалувала така, во снегот, нешто наеднаш ми ги сопнува нозете. 82
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како смее никаквецот, да дозволи да му се сопнуваат војниците во марш а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сепак потајно ме сопнуваа. Дури и на дребулии.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се тетерави по стивнатото боиште Константин со товар на грбот, ѕвечаво бладање на човек пред свој крај, се судрува со грмушки и се сопнува на трупови. Збива и пцуе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Константин се сопнува на нешто што не е ни камен ни пенушка, на нешто меко и паѓа на коленици, потоа, накривнувајќи се, го спушта од себе товарот врз некој мртов војник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Малиот го сопнува.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
„Бегај, малечок предавнику“, се влечеше по мене и по мојата запрложена сенка, ме сопнуваше и ме предизвикуваше да се уверувам дека навистина тој тврдоглав и див човек заслужува да станам мал предавник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ уште се надевал извлекувајќи го јатаганот од појас: можел да стаса до својот коњ побрзо отколку гонителите до него. Многуте гласови како да го сопнувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад него се влечело рапаво, пискаво, гровтаво и секакво кикотење и го сопнувало, чиниш ќе се заниша побелен и ќе падне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А неговите деца трчаа по ледините и низ фармите, го испуштаа конецот во небо, викајќи и сопнувајќи се, додека Брунила стоеше назад во дворот, мавташе и се смееше, гледајќи што се случува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
1. Организер е првиот збор на кој се сопнав и не престанав да се сопнувам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ја сопнувам тишината: - Што да се создава понатаму, по галерии некрофили велат: „Сѐ е веќе видено“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Животот го поминува како во полусон, чиниш студените ветрови ѝ ја сопнуваат мислата, како да не е таа Пелагија, туку некоја друга која има само една единствена цел, да ја помине зимата, оваа во здивот на ветриштата, а и другите што ќе дојдат по неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се судруваа, се разминуваа, се сопнуваа еден од друг, ама без роптеж продолжуваа да си го осигуруваат брложето што го имаа зафатено.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А од каде солзи? Солзите се луксуз сега, сѐ стана луксуз замене освен чекорот во снегот, кој врвеше тихо, па молкум ме сопнуваше пред навирот на солзи...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Излези – влези, сѐ на тебе се сопнуваме. Ќе умреш ако си одиме.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Повеќе