сознание (ср.)
Да имаше меѓу Словените во Македонија национално и религиозно единство и да имаше сознание за нив во жителството, досега наполовина ќе беше решено македонското прашање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Националната бугарска целина, во која се однесуваа Бугарија, Тракија и Македонија, не може да се зачува, зашто нема таков етнографски центар што може здраво да ги соедини тие три земји, како што се соединети српскохрватските земји, нема среде тие земји едно најраспространето и еднакво оддалечено од сите нивни краишта наречје што да ги привлекува околу себе периферните наречја и да распространува општо национално сознание меѓу сите што зборуваат на тие наречја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
ИЛИЈА: Таа толку беше уплашена да не беше во сознание!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Еве ја онаа долга улица што се мрешка од ладниот повев на тихото помирено сознание: овие мали прозорци беа полни со сон и младо утро во гранките што се препелка и имаше во нив очи со густа сончева прашинка што ја постилаа штедри пред нашиот припитомен од
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Тоа беше вест што убиваше, вистинско сознание во пијанство пред кое и рамнодушноста запенува и се пропнува како исплашен коњ. „Тој те пцуеше“, чу и се тргна, ги спушти од дланка двете копчиња во празната чаша.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Дозволувам и јас да бидам еден таков акт до пена закикотен од сознанието дека пророштвото на стариот лесно може да се исполни.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Дотраеноста на куќата како да му ја зголеми измореноста: точи во него млако, беспомошно сознание за една видлива, опиплива и убиствено присутна непостојаност.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Страшно беше сознанието што свеста, менејќи ги боите и облиците на одразите, му отчукува дека во овој миг полудел.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И вака несетено поминуваше во една друга стварност во која сознанието им отстапуваше место на бладањата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Знаеше дека нема да помине многу време додека неговата присутност еднаш да мора да го гребне по сознанието она ѕвере, а тогаш тоа ќе мора да се подаде од под својата карпа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Она, што се случи со него и со волкот, не можеше да не го потсети на сето друго, што се случуваше околу него, од сите негови страни, и сега, наеднаш тој веќе беше свесен што можеа да значат и сите оние несфатливи прострелкувања на вртенестите прилики, што сновеа и пресновуваа сето време по сивината меѓу стеблата на самиот раб од неговото сознание.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Со последната нишка од сознанието чу само уште како заплиснуваат, просто сливајќи се, шурките од неговите капавици.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Единствена поткрепа му беше секирата, со која сепак се чувствуваше малку посигурен, а го тешеше и сознанието дека „планината е чиста“, дека од поодамна не се зборува за волци и мечки.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И навистина во моментот инаку и не можеше да биде кај народ кој спие петстотинигодишен сон, без национално и општочовечко сознание, каков беше македонскиот, односно мариовскиот селанец во крајот на XIX век.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И веднаш потоа пак ми искрснуваше целата ужасна вистина во сознанието.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Кој може да каже, барем од нашиве сегашни сознанија, кои се неговите објективни физички параметри, која е неговата вистинска детерминанта: и во физичка и во филозовска смисла?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Самото сознание дека на дофат се наоѓаат инструменти со кои може да се следи движењето на далечните ѕвезди, веднаш пренесува до други сознанија, кои се надвор од доменот на тукашните разбирања за светот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Иако толку луѓе се возат со автобусите, со метрото или со локалните возови, кај патниците владее самодисциплина, сознание сами себе си да не си го загорчуваат животот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа сознание за него е најголемо признание, тоа го исполнува со вистинска радост.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Кај обете половини, независно едно од друго, но исто толку силно, бликна сознанието дека се наоѓа на богато хранилиште на искуства, под кое нивното поранешно, заедничко искуство неосетно заминуваше во маглите на заборавот.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)