содржи (несв.)
Ако еден народ само постепено си го изработува своето писмо и него го преработува и притоа во неговата историја нема такви настани што ја преполовуваат и прават цела пропаст помеѓу едната, т.е. старата, и другата или новата половина, -писмениот јазик и правописот содржат во себе многу такви особини што немаат реална вредност во гласовите во сегашната состојба на јазикот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сите нејзини мечти, сите копнежи се содржеа во еден единствен збор: балет.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Петто: размислуваше колку огромни лажици содржи супата што мора да ја изеде на ручекот.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Со судбината на историските личности, нивните индивидуални животни стории, писателот ја воспоставува нераскинливата врска со сопствениот народ, колективното егзистирање, што ќе рече оти како уметничко- естетска вредност романот е дело за една личност која во себе најубаво и најуверливо ги одразува и содржи сите народни идеали и се стреми кон општочовечките, униврзални димензии на егзистенцијата.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Веројатно во последното прашање се содржеше она што Билјана го размислуваше.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Оваа сала крие во себе уште десетина други помали полилеи, а сите заедно содржат вкупно 4.500 свеќи и тогаш секако мирисало само на парафин, доколку тој не се неутрализирал со миристо на розовото масло.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Црн Камен е мал, мазен, заокрулен, црн рид, (веројатно таков, црн, е поради составот на каменот, гранит чиј состав содржи повеќе железо) кој уште од сртот на источниот лак се слизнува во Драмчески Ливади.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Би требало да се состави еден македонски буквар кој ќе биде споен и измешан со српскиот, но така што да содржи две третини македонски а една третина српски јазик, и тоа во втората половина...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се сомневам дека таа идеја ќе може да ја потисне бугарската ако остане само како чисто и голо спротивставување па затоа српската идеја би имала голема полза од еден свој сојузник кој би бил остро спротивставен на бугаризмот и кој би содржел во себе елементи што ќе можат да го привлечат народот и кои ќе му бидат блиски на неговите чувства, и кои ќе го отцепат од бугаризмот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Одново се опчинувам од несогледливиот трезор на слики и пораки што ги содржи креативниот звук.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тој жеднее само по оној сладок трепет на исчекување, што ни страв ни смрт не го бришат зошто во него се содржат.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Сепак се случува нешто важно. Важното е содржано во кусите и исто толку брзи здогледувања, слики или досетки, кој знае што сѐ. Молснуваат одвреме-навреме.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тој е содржан во своето сопствено име.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Да, тоа беше тој збор што требаше да го запаметам, што беше важен, збор што го содржи клучот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Но Македонија ја содржи, во својата природа, плуралноста и јас мислам дека сите ние, пријателите на Македонија, треба да ѝ се придружиме во спасувањето на овој плурализам, бидејќи добро знаеме колку е тој денес загрозен и колку закани го демнат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сега несетум се плашевме уште повеќе од иднината, зашто во неа покрај стравот од смртта на татко ми и мајка ми, беше содржана и смртта на нашето козле.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми како да го насетуваше прашањето што сакаше да му го постави Чанга: – Длабоко, дури во дното на нашето сеќавање, постојат заборавени, изгубени празници кои го содржат и нашето создавање, обликувањето на нашата заедничка среќа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Описот кој не содржи критичко размислување за позицијата од која тој се артикулира не може да има други принципи освен интересот придружен со неанализираниот однос што истражувачот го има со тој објект. (Bourdieu, 1988, стр. 15) Отворената, нејасна, привремена и променлива природа на светот преку овие вистинитосни дискурси, се преведува во затворена, одредена, непроменлива и постојана.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Клучниот проблем во врска со легализацијата (која се содржи во тоа што нејзините заговорници ги предвидуваат можните негативни последици, а ги преувеличуваат можните позитивни), претставува тоа што легализацијата на продажба на тешки дроги неминовно би довела до зголемување на потрошувачката, а што најскапо би го платиле најсиромашните и најзагрозените општествени слоеви.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Роден од поразот кај Седан и потхрануван со драмата на загубените провинции, францускиот национализам е само прилагодување кон домашните прилики на сите теми содржани во Volksgeist-от. 28
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)