снимател м.

снимател (м.)

Утробата на Креклајт се распаѓа а неговите животни соништа се распрснуваат среде физичката убавина која ниту режисерот ниту снимателот не се обидуваат да ја намалат, туку ја слават.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа пред сѐ е првиот Ворхолов филм кој во целост е сниман со подвижна камера (ако ги изоставиме ретките зумови и движења во Vinyl и Space); парадоксално, Ворхол којшто упорно ги одбивал предлозите на своите соработници фиксираната камера да ја помести макар за милиметар, тоа обилно го правел во Nedy, кадешто самиот ја врши функцијата снимател.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пресекот на телевизиските производи се движи од извонредно реалистички, што снимателите ги создаваат целиот свој живот, до наједноставните наменско изрежирани забавни емисии, што се проткаени со вештачка искреност и карикирана стварност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И конечно, третата ја крши самиот снимател, односно режисерот, кој не го прекинува бележењето на овој настан ниту се меша во него иако далеку се надминати зададените рамки, и со тоа дозволува еден неморален чин.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се создаде мал круг блиски пријатели решени да ја заштитат Марија од снимателите, фотографите и натрапниците.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да биде на фестивал не може секој: филмови од утро до вечер, сниматели, режисери, артисти, новинари, фестивалска публика!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А што се однесува до унапредувањето, можам да ти се пофалам дека од овој момент сум асистент снимател.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Снимателот беше, впрочем, предвоен фотограф, кој излегол во партизани последните месеци колку да им ги направи на новите раководители првите ретуширани портрети, па како таков, то ест како уметнички фотограф, стана и филмски снимател во новооснованото филмаџиско претпријатие, но иако дополу задоволен криеше уште амбиции, што допрва имаше да ги видат оние што беа доделени да ги сетат на свој грб.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Геро, ослободен од туторството на снимателот со неговото задолжително пусулче и инструментите на вратот, ги водеше останатите од екипата на најневозможни места, не само по текот на едната туку и по текот на другата притока.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не се случувало тоа често На излегување од претседателската палата ме пресретнаа неколку новинари и телевизиски сниматели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А снимателот ќе монтира ора од туѓи свадби зашто никој не игра, нема материјал. Никој не игра, сите пушат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)